АХВ пред Велигден ги засилува контролите на храната

Од:

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведуваат засилени контроли во производството и прометот. Се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Контролите се спроведуваат во маркетите, специјализираните продавници за јајца, месарниците и зелените пазари.

Според АХВ, со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности кај производителите, увозниците и трговците со јајца и бои за јајца, кај кои покрај усогласеноста со одредбите на Законот за безбедност на храна, се контролира и спроведувањето на Правилникот за адитивите кои се употребуваат во производството на храна. Домашните производители на бои за јајца ги имаат имплементирано правилата на Добра производствена и Добра хигиенска пракса во производството, односно, боите кои ги произведуваат се безбедни.

-Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до граѓаните да купуваат храна, вклучително и јајца и бои за јајца исклучиво од регистрирани производители/увозници, кои се соодветно означени/декларирани. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и боја за јајца граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22, или електронски на [email protected], наведува АХВ.

Инспекциските служби на АХВ во првиот квартал годинава спроведоа приближно 12 илјади контроли. Изречени се 1902 мерки (1040 решенија за отстранување на утврдени недоследности, 778 едукации, 11 прекршочни и поднесени се 15 кривични пријави). Забранети за увоз се по една пратка со храна од животинско и од неживотинско потекло. Уништени се повеќе од 67 тони небезбедна храна, од животинско и од неживотинско потекло, најголемиот дел од самите оператори, 44,1 тон и 22,9 тони од страна на инспекциските служби на АХВ.

Би можело да ве интересира

Месарниците во земјава се под лупа на инспекторите, велат од АХВ

А1он

АХВ „подели“ 23 казни за кафеани кои организирале предновогодишни прослави

Горан Наумовски

Агенцијата за храна ги контролира новогодишните пактчиња

Катерина Ѓуровски

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Да се донесат измените на Законот за заштита и благосостојба на животните бараат АХВ и ветеринарите

Катерина Ѓуровски

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка