АХВ и МВР во магацин во Маџари пронајдоа 40 тони небезбедни сувомесни производи

Од:

По добиено известување од Министерството за внатрешни работи дека во скопската населба Маџари, диво работи магацин за храна, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со полицијата спроведе вонреден инспекциски надзор во див објект каде била складирана храна од животинско и од неживотинско потекло.

-Во објектот кој служел како магацин за храна, а кој не е регистриран во АХВ како оператор, инспекциските служби на Агенцијата нашле 40.751 килограми небезбедни производи (сувомесни и кондиторски производи), за кои е издадено решение и кои се нештетно уништени, соопшти денеска АХВ.

Дополнително, како што посочуваат од АХВ, во дворот на дивиот магацин, од страна на МВР запленето е превозно средство- комбе, во кое се пронајдени 360 килограми небезбедни сувомесни и кондиторски производи, кои исто така се нештетно уништени.

-За расчистување на овој криминал, во рамки на постапката, а со цел прибавување на сите потребни информации, АХВ спроведе контрола и кај увозникот на небезбедните сувомесни производи затекнати во дивиот магацин. Обезбедена е целокупната документација за реализираните увози, како и за следливоста на пратките, за период од последните шест месеци, се наведува во соопштението.

Со анализа на документацијата, како што велат од АХВ, утврдено е дека дел од производите биле со зголемено количество на фосфати, што било потврдено со лабораториски наоди од земени мостри од пратките кои се увезувале во земјава, а кои биле анализирани во рамки на мониторинг програмата за храна од увоз на АХВ.

-Пратките со небезбедни сувомесни производи биле складирани кај дистрибутерот (во дивиот магацин), кој имал законска обврска нештетно да ги уништи, но, тоа не го сторил, односно за нив од страна на овластена депонија му било издадена фиктивна потврда за уништување на небезбедните производи, се наведува во соопштението.

При спроведениот инспекцискиот надзор во објектите на дистрибутерот, затекнати биле сувомесни производи во вкупна количина од 40.053 килограми, кои биле ставени под официјален надзор, а подоцна во рамки на постапката и нештетно уништени. За сторен прекршок неусогласеност со барањата за безбедност на храната и за преземените постапки за спречување на ризик по здравјето на потрошувачите, на правното лице кое стопанисувало со дивиот магацин за храна, изречена му е казна од 18 илјади евра во денарска противвредност. Со 1500 евра во денарска противвредност, казнето е и одговорното лице на операторот со храна.

Би можело да ве интересира

Нови локации за забрана за користење на дронови, овој пат во Скопје

МВР: Кривична за момчето кое со полициска службена легитимација од татко му се претставуваше како полицаец

Крвав инцидент во Волково: Потстанар го убил газадата, па се самоубил

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 17 лица кои не ја почитувале одлуката за седумдневна жалост

„Летал“ со 104 километри на час на булевар во Скопје, немал ниту возачка дозвола

Катерина Ѓуровски

Тошковски: Против 34 физички лица и три правни субјекти се поднесени кривични пријави

А1он