Ахмети: За Албанците, сонцето изгрева на Запад

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во американската амбасада во Скопје остварил средба со Лоренс Батлер, заменик командант на американските сили за Европа и со Пол Волерс американски амбасадор во Македонија.

Од ДУИ соопштуваат дека соговорниците се согласиле околу потребата за решавање на прашањето со името за да се отвори патот на Македонија кон зачленување во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ.

Ахмети уште еднаш ги поканил САД, заедно со семјите членки на ЕУ, да го олеснат процесот на изнаоѓање решение за спорот со името.

Лидерот на интегративците посочил дека тој и неговите сопартијци и следбеници остануваат верни следбеници на мотото на албанските преродбеници:„ За Албанците, сонцето изгрева на Запад“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Албанија: Фрлени молотови коктели врз владата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите