Ахмети-Тачи: Соработка на ДУИ и ДПА за спроведување на Пржинскиот договор

Од:

ДУИ како партија од власта и ДПА како опозициска партија треба да ги хармонизираат односите и да соработуваат за што поскоро спроведување на Пржинскиот договор што е еден од условите за влез на Македонија во НАТО и ЕУ, договориле на синоќешниот двочасовен состанок во Тетово претседателите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Според Ахмети, и ДПА иако е опозициска партија е многу важна и е еднакво одговорна за реализација на договорот од Пржино, а ваквата конструктивност помеѓу позицијата и опозицијата треба да покажат и партиите од македонскиот политички блок.

– Пржинскиот договор и неговото спроведување е многу важен фактор во државата, и сигурно во Собранието ќе биде многу важно опозицијата да биде конструктивна во спроведувањето на Пржинскиот договор што е многу важен за државата и мора за некои работи од него да гласаат во Собранието – за реформите во судството, за ЕУ, НАТО. Значи Пржинскиот договор без опозизија не може да се реализира, изјави Ахмети.

Тачи посочи дека со Ахмети ништо не кријат од јавноста и оти средбата била конструктивна и на неа не се дискутирало за никакви партиски интереси туку намерата била да најдат заеднички јазик за спроведување на договорот од Пржино на што сите поголеми партии ставиле потпис.

– Ништо вечерва не се случуваше под маса. Подршката што ја даваме за ДУИ е бланко подршка бидејќи сакаме што поскоро да бидеме дел од НАТО и ЕУ а тоа без спроведување на пржинскиот договор не е можно. Не значи дека ако сме ги изгубиле изборите не треба да бидеме конструктивни, изјави Тачи.

Одговарајќи на новинарско прашање околу зачленувањето на македонија во НАТО Ахмети рече дека се надева оти ќе има позитивни случувања во овој правец бидејќи според него Македонија требала уште многу порано да влезе во оваа алијанса.

– Ние како Албанци сите сме за Македонија во НАТО и сме за постигнување компромис околу името кој е прифатлив за сите страни. Треба час поскоро да станеме дел од НАТО бидејќи Македонија е на крстосница на која се судираат интересите и на Русија. Ние немаме ништо против Русија, но нашата држава припаѓа во евроатланското семејство рече, Ахмети.

Ахмети и Тачи истакнаа дека се надеваат оти многу брзо ќе се започне со спроведување на реформите што се бараат во извештајот на Прибе но и од целиот меѓународен фактор.

И двајцата посочија дека ваквите средби биле традиционални и ќе се одржуваат и понатаму.

Тачи истакна дека сакал да има средба и со лидерот на БЕСА Билал Касами, но таа не се остварила бидејќи од Беса инсистирале состанокот да биде без присуство на медиумите додека тој сакал ваквите состаноци да бидат отворени за јавноста.

Пред состанокот на Тачи и Ахмети ДПА ја организираше традиционалната ифтарска вечера за членовите и симпатизерите. За време на Ифтарот Тачи се обрати пред јавноста посочувајќи дека „политичките партии од македонскиот блок и сега водат антиалбанска политика, и како што кажа доколку така се продолжи владата на Зоран Заев нема долго да опстане“.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: На 22 мај зборуваше народот, ДУИ не успеа во деформирањето на волјата на Албанците

ДУИ: Изборниот легитимитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне

Катерина Ѓуровски

Управен суд ја одби како неоснована тужбата на „Европски фронт“ за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Претседателот на ДУИ го честита 24 мај – Денот на Св. Кирил и Методиј

Таравари: Бранот промени не може да се запре, ДУИ го прифаќа резултатот од прегласувањето