Пред неколку стотици насобрани граѓани лидерот на ДУИ Али Ахмети го откри споменикот на Хасан Приштина, целата свеченост беше пропратена со аплауз и со запалени факели на трговскиот центар Мавровка.
„Големи личности паднале за големи национални интереси, споменикот на Хасан Приштина е голем во Тирана, голем во Приштина но најголем во Македонија.
Хасан е херој на една генерација која треба да се почитува, не само од Албанците туку и од другите народи на Балканот“, рече Али Ахмети.
Градоначалникот на Чаир Изет Меџити кажа дека Хасан Приштина е „херој кој треба да се почиува од сите во Македонија, доколку тој не постоел немаше да постои ни Скопје“.
Заменикот министер за образование Незири вели дека Хасан Приштина е од големо значење не само за Албанците туку и за Македонците бидејќи заедно со ВМРО учествувал во ослободувањето на Македонија од Турците.
Незири не смета дека ова ќе предизвика тензии затоа што во општина Чаир бил изгласано да се изградат споменици со значење и за други етникуми во Македонија.
Според него уште два споменици на Албанци од времето на НОБ ќе бидат поставени на плоштадот во рамки на проектот Скопје 2014.