Ахмети: Со победата на Ганиу во Чаир ќе победи цело старо Скопје, па дури и тие што нема да гласаат за него

Од:

На 15 октомври, прв човек на Чаир ќе биде Висар Ганиу, а со неговата победа ќе победи цело старо Скопје, ќе победат и тие што нема да гласаат за него, рече лидерот на Демократската унија за интеграции Али Ахмети на вечерашниот митинг оддржан на плоштадот Скендербег во Скопје.

Ахмети потенцирајќи дека кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Висар Ганиу има безрезервна поддршка од своите поддржувачи, како и од партијата, рече дека тој треба да победи за да продолжи со мисијата и да создаде вредности.

Лидерот на ДУИ уште еднаш се осврна на соработката со СДСМ на локалните избори и нагласи дека ова партнерство се состои во помагање еден на друг во тие општини каде што едната партија нема можности за победа.

– Ова мора да се почитува, бидејќи тоа е добрата волја на двете страни, рече Ахмети.

Тој исто така позитивно ја оцени досегашната работа на Владата, со посебен акцент на подобрувањето на односите со соседите, спомнувајќи го Договорот за добрососедство со Бугарија и одлучноста за градење добри односи и со Грција.

– Тоа, заедно со воспоставувањето правната држава, како и продлабочување на реформите, се предуслови за интеграција во НАТО и ЕУ. За големи работи треба големи државници и не се сомневам дека ова реформска влада ќе успее во тоа, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Чаир, Висар Ганиу, пред присутните рече дека чаирчани заслужуваат градоначалник што произлегува од нивните редови, а не политичар кој ќе се занимава со водење голема политика.

– Ќе направам се за програмата наречена ДОГОВОР да се реализира во целост, нагласи Ганиу, додавајќи дека на Чаир не му се потребни партиски функционери кои стремат кон лични придобивки.

Шефот на штабот на ДУИ за Чаир, Бујар Османи пред чаирчани рече дека овој собир сведочи дека ДУИ е обединета како никогаш досега за да обезбеди голема победа за Чаир со градоначалник Висар Ганиу.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Реформата на ДУИ почнува и завршува со Блерим Беџети

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Адеми: Испишана е историја, во Општина Чашка ќе имаме градоначалник од Националната алијанса за интеграција

Горан Наумовски