Ахмети по средбата со Заев: колку што сме блиску, толку сме и далеку од договор

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека колку што се блиску, толку се и далеку двете партии од договор за коалицирање. Ахмети пред новинарите кажа дека ќе бара поддршка од албанските партии за идејата премиер на државата да биде Албанец. Запрашан дали ДУИ би прифатила премиер да биде Македонец, Ахмети не одговори прецизно и рече: „Не можам да пресудам“.

„Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам прв. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и сме готови ова да го направиме за државата, затоа што придобивка ќе има стабилноста, државата, доближувањето на заедниците и така натаму. Ние само што започнавме со преговори, нема многу средби кои што се одржани, ова е втора средба. Се надевам дека сите партии ќе имаат силна волја за да ги надминеме разликите, потешкотиите“, рече Ахмети одговарајќи дали тој инсистира ДУИ да има една година премиер во Владата“.

Ахмети по средбата посочи дека за преговорите со СДСМ, го известил и Мицкоски кој пак, му посакал успех.

„Јас сметам дека колку што сме блиску, толку сме и далеку од договор. Сепак, сите страни мора да ги имаат во предвид големите интереси на државата. Јас никогаш не правам тајни средби, како што не сум правел ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ. Јас господинот Мицкоски сум го информирал дека сум започнал преговори помеѓу ДУИ како добитник на овие избори и СДСМ како победник. За тие да не створат лажно мислење и претстава, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор, без да го имаме епилогот од преговорите. Така што, господинот Мицкоски беше прагматичен и посака успех во разговорите, без разлика на епилогот од овие разговори, би сакале да продолжиме со комуникацијата со партиите како претходно“, додаде Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он