Ахмети од Желино: На 30 септември нема губитници, победува Македонија

Од:

На 30 септември нема губитници, на 30 септември победува Република Македонија, победуваат граѓаните, добиваат одржлив мир, стабилност, безбедност, членство во НАТО наредните 15 месеци и почнување преговори за членство во ЕУ во јуни наредната година, рече лидерот на ДУИ Али Ахмети на синоќешната средба со жителите на Желино.

Ахмети уште еднаш повика граѓаните да излезат на гласање и да го поддржат зачленувањето на земјата во НАТО и ЕУ.

– Да се биде членка на НАТО не се мери со бројот на жители што ги има државата. Таму сите се рамноправни, а може да се употреби и правото на вето. Сите министри од речиси сите земји на Европската унија дојдоа кај нас за да ги охрабрат нашите граѓани на 30 септември да гласаат за членство во НАТО, истакна Ахмети.

Говор пред жителите на Желино одржаа и шефот на Централниот штаб на ДУИ Атила Реџепи, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, како и поранешниот градоначалник на Општина Желино, актуелен шеф на штабот во Општина Желино Фатмир Изаири.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата

Вреди: ДУИ да побара Албанија да го екстрадира Артан Груби