Ахмети од Пласница: Македонија нема друга алтернатива освен членство на ЕУ и НАТО

Од:

Ако сакаме да имаме подобра иднина за идните генерации и добри меѓуетнички односи, економски развој и напредување на сите полиња, тогаш друга алтернатива или друг план осевн референдумот нема, порача денеска од Пласница лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Пред граѓаните на трибината Ахмети зборуваше на македонски јазик.

– Сите заедно сплотени да излеземе на 30 септември и да гласаме „за“ европска Македонија и за Македонија во НАТО, рече Ахмети кој беше придружуван од градоначалникот Исмаил Јаоски.

Според Јаоски, општина Пласница ќе биде најверојатно единствената општина во Македонија чии граѓани 100 отсто ќе излезаат на референдумот и ќе се изјаснат за европска Македонија и за влез во НАТО.

– Оваа го велам од причина што ниту една политичка партија која делува во нашата општина досега се нема изјаснето против редерендумот. Јас сум убеден дека на 30 Септември ќе дојдат и ќе гласаат „за“ референдумот, истакна Јаоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик