Ахмети: Нема друга алтернатива освен соработка меѓу Албанците и Македонците

Од:

Република Македонија нема друга алтернатива освен соработка меѓу двете најголеми заедници – Албанци и Македонци. Само на овој начин, заедно можеме да бидеме сигурни во чекорите што не очекуваат, порача денеска од Сарај лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Според него, мораме да гледаме напред и да ја свртиме главата кон иднината, да ги оставиме зад нас лошите работи, но не и да ги заборавиме зашто, заборавајќи го минатото не знаеме да ја градиме иднината.

Иднината на Македонија, подвле Ахмети, се Европа и НАТО.

Осврнувајќи се на актуелните политички случувања, Ахмети ја нагласи транспарентноста на ДУИ како една од главните доблести.

– Рековме дека склучивме договор за партнерство со СДСМ на централно и локално ниво зашто тоа е од заеднички интерес. Политиката е интерес и ние сме избрани да ги браниме интересите на заедницата што ја претставуваме, но без двојни стандарди – како зборуваме, така и работиме. Барам од вас да го поддржите кандидатот на СДСМ Петре Шилегов, за градоначалник на град Скопје, исто како што и СДСМ не поддржува во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево. И во вториот круг од овие избори, поддршката ќе биде меѓусебна, рече Ахмети, оценувајќи го ова како чекор во служба на иднината за да се надминат „некои предрасуди“ за подобра клима во Македонија.

Според него, ова не се постигнува со кампањи и патриотски речник, бидејќи овие поглавја се затворени.

Кандидатот за градоначалник Блерим Беџети и носителот на советничката листа Решат Рамадани изразија уверување дека ДУИ влезе во трката на локалните избори за повторно да ја добие поддршката од граѓаните на Сарај.

Проектите, според Беџети, целосно ќе ја урбанизираат општината преку локалниот економски развој, инфраструктурата, образованието, здравството, културата, спортот и животната средина.

Беџети ја најави изградбата на поликлиниката што е, рече, долгогодишна потреба на жителите и за тоа, како што информира, е одредена локацијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски