Ахмети: Нашиот сон за Македонија во НАТО се остварува

Од:

„Имам посебно задоволство да им упатам честитки до сите граѓани на Република Македонија за добивањето на поканата за членство во НАТО која претставува исклучително големо и значајно постигнување во однос на сигурната иднина на нашата земја.

Евроатланската интеграција беше патоказ на нашата политичка и општествена активност уште од зачетоците на нашата дејност но истовремено и нашата конзистентна посветеност кон остварувањето на овој стремеж, при што за цело време бевме недвосмислено фокусирани кон оваа цел, резултираше со заеднички успех“, рече Али Ахмети.

„Целосната интеграција на нашата земја, но и на регионот во НАТО, ја прави целосна нашата слобода, овозможува безбедност, стабилност, оддржлив мир, добри меѓуетнички односи, економски развој и општествена благосостојба.

Постигнувањата во оваа година кои овозможуваат еднаквост и евроатланска интеграција се стремеж на сите граѓани и политички партии во земјата, затоа сите ние заедно треба да работиме за успешно заокружување на овој процес.

Овие постигнувања се резултат на заедничката работа на нашите граѓани, политичките партии, граѓанското општество, академската фела, медиумите и меѓународните пријатели.

Овој сон на нашите граѓани кој почнува да се остварува, денес бара од нас да се обединиме околу Евроатланска Македонија“, изјави Али Ахмети.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети