Ахмети: На 30 септември се одлучува за европската иднина на земјата

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ), вечерва на плоштадот „Скендербег” во Скопје го одржа централниот собир за референдумот на 30 септември.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на собирот рече дека приоритети ни беа НАТО и ЕУ, а приоритет над приоритетите ни беше спроведувањето на Рамковниот договор.

– Се приближуваме до финализирање на овој договор, особено на последниот акт за употреба на јазиците, што е последен негов дел. Чекаме заедно со одлуката за Преспанскиот договор, претседателот на Собранието да потпише две главни решенија – законот за јазиците и Преспанскиот договор за потоа да бидат објавени во Службен весник и да стапат во сила, рече во обраќањето пред граѓаните Ахмети.

Според него, 30 септември е неповторлив исторски момент, бидејќи се носи одлука за европската иднина на земјата.

– На 30 септември го ставаме камен-темелникот на европската иднина на земјата. Ние донесовме важни, храбри одлуки за да го направиме нашиот народ горд пред овој историски ден пред нас. На 30 септември, се гласа за држава, иднина, економија, инвестиции, иднината на идните генерации и векови што следат. На 30 септември, нема друга алтернатива освен НАТО и ЕУ, истакна Ахмети.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека сите сме сведоци на една невидена дипломатска активност со бројни пораки за поддршка на договорот меѓу Грција и Македонија.

– Договорот е определба за градење мостови на сплотеност, добри соседски односи и ова е единствен начин за развој на земјата. Заслужуваме да живееме во стабилна и деморкатска држава каде владее правдата, правна и прогресивна држава. Сега е моментумот за исторсика одлука, време е да станеме едно со евроатлантското семејство, со европските стандарди и вредности и да ја донесеме вистинската одлука. На 30 септември да излеземе и да одлучиме во каква држава сакаме да живееме и на тој начин да одлучиме за нашата судбина, подвлече Џафери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Граѓани поставија натпис на албански на таблата на мегапаркот во Бутел, објави ДУИ

ВЛЕН: На Ахмети му пречи прекинот на врските со Србија!

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

Ѓорѓиевски: Да живее слободно Скопје

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот