Ахмети му го честита изборот на Макрон за претседател на Франција

Од:

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети на Емануел Макрон му го честита изборот за претседател на Франција.

– Поздравувајќи го вашиот избор за претседател на Франција, дозволете ми во мое име и во име на сите при Демократската Унија за Интеграција, да ги изразам нашите искрени честитки за вас и францискиот народ за јасниот избор на европските вредности, вели Ахмети во честитката.

Евро-атланската интеграција, додава претседателот на ДУИ, останува единствена алтернатива за Македонија и целосно сум убеден дека ќе придонесете за зајакнување на европската перспектива за сите земји од Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Макрон ги повика САД и Иран да се вразумат

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат