Ахмети ја повикува СДСМ на избори на 24. април

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку неговиот Фејсбук статус ги повика СДСМ да го испочитуваат договорот од Пржино и да учествуваат на изборите на 24 април.

– Ја повикувам најголемата опозициска партија да остане посветена на реализацијата на преостанатите обврски од договорот, вклучувајќи го и учеството на изборите за кои заеднички се договоривме да бидат на 24 април, како и да не избрзуваат со важни одлуки за иднината на земјата. Како што веќе кажав, најголемите партии сносат најголема одговорност за државата и граѓаните, затоа треба да делуваат храбро во согласност со одговорноста и општото добро, ставајќи ги притоа партиските интереси на страна, напиша Ахмети.

Ахмети потсетува што се случило и на што се согласиле партиите притоа спомнувајќи го и датумот 24 април.

IMG_20160120_113435

Тој вели дека 24 април како датум на изборите бил потврден и на лидерската средба одржана на 15 декември 2015 година, кога бил договорен изборот на членови на Државната изборна комисија.

-Спроведувањето на договорот секако дека имаше свои предизвици но поголемиот дел од обврските веќе се спроведуваат и се реализирани додека исто така се усвои и акциониот план за итни реформи препорачани од страна на Европската комисија, чија имплементација ке продолжи и по изборите.

Во исто време ние сме посветени да и помогнеме на ДИК да ги врши задачите на време и да обезбеди еднакви услови на медиумите за партиите што учествуваат во изборниот процес, напиша Ахмети на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Кисела Вода забрани семејните куќи во Пржино и Црниче да станат згради

А1он

Ѓорѓиевски се сомнева дека пожарот во Пржино бил подметнат

А1он

Голем пожар во Пржино, гори поранешно училиште

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Драма во Пржино: Се излизга патот, локалните жители стравуваат за домовите

Наум Локоски

Пожар во подрумски простории каде што се складира медицински материјал во Пржино

Наум Локоски

Пожар во Пржино

Наум Локоски