Ахмети и Тачи не дојдоа на лидерската средба

Од:

Започна лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски. На неа, ќе се разгледува и разговара за можнсота да се одложат закажаните предвремено парламентарни избори кои треба да се одржат на 12 април. Во Вилата Водно дојдоа скоро сите претседатели на политички партии, освен лидерот на ДУИ, Али Ахмети и Мендух Тачи од ДПА. Наместо нив, тие пратија претставници.

Од останатите, дојде претседателот на СДСМ, Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и Африм Гаши од Алтернатива, како и Биљал Касами од Движењето Беса. Намаесто Ахмети, во негово име во претседателската вила се дојдени Бујар Османи и Изет Меџити.

Претставници од ДПА, наместо Тачи се Орхан Ибрахими и Фримзим Даути.

Вчера, лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека во текот на викендот биле правени сериозни анализи во однос на одржувањето на изборите и дека се надева дека заедно со останатите политички партии ќе изградат став за одложување на изборите на 12 април, а потоа ќе се договорат за нов датум.

Мицкоски пак, рече дека нема ниту една разумна, човечка, рационална причина за изборите да се одржат во ваква ситуација.

Одложување бараа и други учесници во изборниот процес.

Би можело да ве интересира

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

(ВИДЕО) Рокот за договор помеѓу Владата и ВМРО-ДПМНЕ е до првото гласање за отворање на Уставот

A1on

Започна лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Средба на Ковачевски и Мицкоски за уставните измени

Ана Ололовска

Следната недела средба меѓу Ковачевски и Мицкоски

Ана Ололовска

Мицкоски за евентуална лидерска: Премиерот да биде свесен за времето, непоминувањето на измените, ќе значи пад на владата

Ана Ололовска