Ахмети: Дехари работел и ќе работи во интерес на сите кичевчани

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) вечерва ја заокружи предизборната кампања со собир на плоштадот во Кичево и претставување на кандидатот за градоначалник во оваа општина Фатмир Дехари, предложената советничка листа и проектите со кои ја бараат довербата од граѓаните.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети рече дека Дехари ќе ја има целосната подршка од сите структури бидејќи со работа се докажал и успеал да ја добие довербата на сите граѓани на Кичево без оглед на нивната етничка припадност.

Дехари, кој се кандидира вторпат за градоначалничката функција, рече дека како и досега ќе работи во интерес на сите граѓани од која било етничка припадност.

– Ќе продолжам да градам инфраструктурни објекти во интерес на сите граѓани. Денеска со чист образ ја барам подршката од сите кои живеат во Кичево, рече Дехари заблагодарувајќи се на печалбарите кои се дојдени во голем број за гласањето задутре.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

ДУИ нуди „рамковен договор“ за економијата, бизнисот бара владеење на правото

ДУИ: Мицкоски стравува од победничкиот Европски фронт

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Меџити призна дека тој одлучувал за легализациите во Чаир, а не законот

ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ

ДУИ: Во сите анкети нашата партија и Бујар Османи се апсолутни победници