(ВИДЕО) Адвокатката на Јанкулоска: Спроведувањето во затвор е незаконско, таа не можеше да бара одлагање на казната

Од:

Адвокатката Сања Алексиќ, бранител на Гордана Јанкулвска која вчера беше спроведена во „Идризово“ за издржување на затворската казна од четири години, вели дека нејзиното спроведување е надвор од секоја залонска процедура. Таа вели дека штом Јанкулоска ја добила пресудата на Врховниот суд, по 10 минути дошла полиција за да ја спроведе.

„Спроведувањето на Јанкуловска во Идризово е надвор од секоја законска процедура. Знам дека ништо нема да се промени со оваа изјава. Но таа мислам дека вчера околу 15 часот ја примила одлуката и по 10 минути се појавила полиција која и кажала дека мора со нив во затворот Идризово. Таа е оневозможена да побара одлагање на казната по било кој друг основ, предвиден со закон. Таа нема примено упатен акт, за да е запознаена со терминот кога треба да се јави доброволно и да се спреми за во затворот Идризово”, рече адвокатката Алексиќ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права

Турција почна со производство на тенкот „Алтај“ со домашен мотор

А1он

Несреќа во Германија: Загина млад човек додека поправал тенк

Гордана Јанкуловска излезе од затвор

Јанкуловска од 1 ноември на условен отпуст, Апелација и ја уважи жалбата

Средба на Мицкоски со Јанкулоска: Неправдата никогаш не нè скршила!

Горан Наумовски