Адвокат близок до Заев, ќе добива по 2.500 евра во одборот на Телеком

Од:

Новиот претставник на Владата во Одборот на директори на Македонски Телеком, Игор Милев, за извршувањето на функцијата претседател на одборот од редот на неизврши членови, ќе добива месечен наместок од 2.500 евра, одлучи Собранието на компанијата на денешната седница.

„Собранието на Друштвото определува нов месечен надоместок на Претседателот на Одборот на директори во нето износ од 155.000 денари. Месечниот надоместок на останатите членови на Одборот на директори на Друштвото којшто е утврден во Одлуката за определување на месечен надоместок на членовите на Одборот на директори на Друпштвото од 18.12.2007 година останува непроменета“, стои во одлуката.

Владата го предложи Игор Милев за претседател на Одборот на директори на „Македонски телеком“ од редот на неизвршни членови во мај оваа година, а откако Зоран Китанов, дотогашниот предлог и претседател, одлучи да се повлече од таа позиција.

Утврдувањето на новиот месечен надоместо за бившиот советник од Царина, Милев значи дека ќе зема повеќе од двојно помалку од својот претходник.

Според извештајот за работењето на „Македонски телеком“ за 2022 година, во текот на која Китанов беше претседател, тој за ангажманот добивал по 372.000 денари месечен надоместок.

Во предлог-одлуката за утврдувањето на новиот месечен надоместок на Милев стои и дека освен неговиот надоместок, друго не се менува, односно другите членови ќе земаат иста сума како досега.

Членови на Одборот на директори се и Садула Дураки, кој минатата година имал надоместок од 93.000 нето, како и Нина Ангеловска, со надоместок од 62.000 во нето-износ, колку што добивале и Бардул Насуфи, Шкодране Дарлишта и Аќиф Медиу.

Милев доаѓа од Царината каде беше советник на генералниот директор додека директоруваа тројца функционери на СДСМ. Тој беше член на Државната изборна комисија по предлог на СДСМ, а беше и раководител на правната служба на акционерското друштво „Јака 80“ од Радовиш од каде потекнува. Во 2013-та, Милев беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Радовиш и изгуби. Милев е близок човек на бившиот премиер Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

(ВИДЕО) Пендаровски: Мицкоски и Силјановска пред странските дипломати велат дека ќе го сменат Уставот, а народот го лажат дека нема да прават промени

Орце Костов

Јакимовски: На Македонија ѝ требаат над 50 милиони евра за младите да останат дома

А1он

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

А1он

Пендаровски прв на гласачкото ливче, ДИК ја одреди ждрепката за првиот круг

Орце Костов

Кабинет на Пендаровски: Претседателот може да користи службено возило и за време на кампања

Орце Костов