Незадоволство во Македонски Телеком: Генералниот директор цел месец не се појавил на работа, а зема најмалку дваесет илјади евра

Од:

Незадоволство од актуелниот директор во Македонски Телеком. Дел од раководните структури се револтирани од тоа што генералниот директор Горан Марковиќ според нив, веќе околу еден месец не се појавил на своето работно место во Скопје.

Според информациите до кои дојде А1он од извори во компанијата, Марковиќ во изминатите триесетина дена ниту еднаш не се појавил во седиштето на Македонски Телеком. Тој, според истите извори, периодов се наоѓа во Црна Гора, од каде што потекнува.

Она што особено предизвикало револт кај дел од раководството е фактот што, додека генералниот директор е отсутен, најголемиот дел од работните обврски и одговорности ги преземаат останатите раководни лица во компанијата.

Дополнително незадоволство предизвикува и висината на неговиот месечен надомест. Според информациите од компанијата, Горан Марковиќ месечно зема најмалку 20 илјади евра месечно.

За споредба, месечните примања на останатите раководни лица во Македонски Телеком се значително пониски, што, според нашите извори, дополнително го зголемува незадоволството во компанијата.

Марковиќ е генерален директор на Македонски Телеком, а неговото подолготрајно отсуство од седиштето на компанијата не значи дека тој формално не ги извршува своите обврски. Сепак, начинот на кој е организирана работата во периодот на неговото отсуство е причина за незадоволство кај дел од раководството.

Во компанијата, според нашите извори, особено се коментира и огромната разлика меѓу надоместот на генералниот директор и примањата на останатите директори и врабтени, додека товарот на секојдневното функционирање во негово отсуство паѓа врз други членови на раководството.

Би можело да ве интересира

Кошутиќ: Надлежните институции и ЈО да го разгледаат ревизорскиот извештај за Железници Транспорт, да се утврди одговорност

Предраг Петровиќ

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

Предраг Петровиќ

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ