Адеми-Стојберг: Данска наскоро ќе го потпише протоколот за НАТО, со постојана поддршка и за интеграцијата во ЕУ

Од:

Данска во скоро време ќе го ратификува протоколот за членство во НАТО, истакнала данската министерка за имиграција, интеграција и домување, Ингер Стојберг на денешната средба со министерот задолжен за дијаспората во Владата на Република Северна Македонија, Едмонд Адеми, кој е во официјална посета на Кралството Данска.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата министерот Адеми ја истакна одличната билатерална соработка меѓу двете земји, која се карактеризира со пријателство и разбирање и го запозна својот соговорник со последните постигнувања на Владата на Република Северна Македонија за изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно, се посочува, се осврна на надворешно-политичките приоритети, потенцирајќи ја историската година на РСМ со затварање на најчуствителното билатерално прашање со Грција, и остранувањето на сите пречки за членство во двата големи сојуза, НАТО и ЕУ.

Адеми изрази благодарност кон Кралството Данска за континуираната поддршка за нашата интеграција во ЕУ и НАТО и очекување дека набргу ќе следи ратификација на пристапниот протоколот за членството во НАТО во Данското Собрание. Во врска со ЕУ интеграциите министерот Адеми ја пренесе подготвеноста на Владата за исполнување на сите неопходни критериуми за почнување на процесот за преговори со ЕУ и истакна дека поддршката од страна на Данска за европската иднина на Македонија е од исклучително значање.

Министерот Стојберг, се наведува, упати честитки до нашата влада за потпишувањето на пристапниот Протокол за членство во НАТО, и ја реафирмираше поддршката на Данска во реализација на стратешките цели на државата и реформските процеси, при што ја охрабри Владата да продолжи со превземените клучни реформи со цел добивање датум за отпочнување на преговорите со ЕУ во јуни.

Меѓудругото, министерот Стојберг ја потврди добра соработка меѓу двете земји и ја истакна подготвеноста на Данска за натамошно пренесување искуства и помош во фокус на стабилноста и реализација на приоритетните реформи за членството во ЕУ, и истакна дека Данска во скоро време ќе го ратификува и протоколот за членство во НАТО.

На средбата беше разговарано и за предизвиците и интегрирањето на македонската дијаспора во Данска, при што Адеми информираше дека како министер задолжен за дијаспората очекува во соработка со министерот Стојберг и други соодветни институции на Данска, преку идни заеднички контакти и активности да се зголеми ангажирањето и инволвирање на нашата дијаспора во политичките, економските, културните и образвовните процеси во Данска.

Двете земји изразуваат подготвеност за интензивирање и унапредување на билатералните односи и соработка во сите сфери од заемен интерес, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЕУ следниот месец може да одобри комбинирани вакцини против коронавирусот

А1он

Србија e единствена земја-кандидат што не ја почитува одлуката на ЕУ за мерките за борба против тероризмот

А1он

Јурова очекува отпор во ЕУ за новите прописи за слобода на медиумите

А1он

Стапува на сила планот на ЕУ за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто

А1он

Европската Унија и Русија се длабоко загрижени и повикуваат на воздржаност во Појасот Газа

(ВИДЕО) Пратеникот Биков од ГЕРБ: Во Македонија има криза на идентитетот кој е понов од бугарскиот

Орце Костов