АД ЕЛЕМ ќе се фокусира на обновливите извори на енергија

Од:

АД ЕЛЕМ во следниот период ќе се фокусира на обновливите извори на енергија (ОИЕ) и токму тоа е причината што и годинава сме на Пауер Џен Јуроп во Келн во делот на ОИЕ, најави денеска генералниот директор на ЕЛЕМ Дејан Бошковски.

– Бошков Мост, Луково Поле, решавањето на каскадата, односно овозможувањето максимално искористување на водениот потенцијал на Црн Дрим и решавањето на преливите од Охридското Езеро, како и решавањето на предизвиците со Вардар во Полошкиот регион се следниот фокус на АД ЕЛЕМ. Со тоа портфолиото на АД ЕЛЕМ ќе го направиме многу пофлексибилно и поприфатливо за новите пазарни услови кои престојат во следната фаза од либерализацијата на енергетскиот сектор во Македонија, изјави Бошковски на саемот за енергетика Пауер Џен Јуроп во Келн каде Електрани на Македонија имаат свој штанд.

Тој посочи дека на полето на ОИЕ во фаза на пробна работа е опремата во ветерниот парк „Богданци“ и оти е во тек втората фаза од ревитализацијата на шесте големи хидроелектрани.

– Во изминатиот период имавме силни инвестиции и активности во модернизација на термоелектраните за кои првата фаза заврши, а втората е во тек, во фаза на проектна изведба е проектот за топлификација на Битола, завршени се инвестициите во руднците и главниот транспортен систем и е отворен нов рудник за јаглен, рече Бошковски.

Потенцира дека инвестициските планови на АД ЕЛЕМ секоја година се силни и ги следат потребите на компанијата, но и на електро-енергетскиот систем на Македонија.

АД ЕЛЕМ во модернзација на постојните и изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија вложува од 50 до 70 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: По 400-те ново вработени во ЕЛЕМ, вчера за во МЕПСО, објава за 90 нови партиски вработувања

Горан Наумовски

Мицкоски: За да го земе Владата заемот за ЕЛЕМ треба да се затворат РЕК Битола и Осломеј и да се интегрира Македонија со грчкиот пазар, тоа е енергетска анексија

Мицкоски: Македонија, граѓаните и ЕЛЕМ/ЕСМ за само 40 часа се оштетени за близу 11.000.000 денари

Mицкоски: Граѓаните од 1 јули ќе плаќаат минимум 10 проценти повисоки сметки за струја

Предраг Петровиќ

Николов: Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати пониска производна цена на струјата

Ангелевска: ЕЛЕМ отпушта вработени, а пред месеци вработуваше и уште вработува преку агенции за привремени вработувања

Катерина Ѓуровски