ААПЖ: Дајте му шанса на Шарко, за да не заврши на улица!

Од:

Од Асоцијација на активисти за заштита на животните (ААПЖ)

Живееше на аеродромот Александар Велики, таму беше погоден со дијабола, а потоа спасен од хумани луѓе… Помина низ многу терапии, а додека го носевме по ветеринари барајќи помош за него, само тажно не гледаше. Не пушти глас. Знаеше дека правиме се за негово добро.

Ова е накратко судбината на нашиот Шарко, кучето за кое од постоењето на нашата организација, достигна рекорд – но не поради нешто убаво, туку поради тоа што никој не сака да го вдоми! Веќе 9 месеци Шарко чека газда што ќе му пружи љубов, а ние за тоа време плаќаме сместување за него, бидејќи душата не ни дава да го вратиме на улица. Тој заслужува повеќе од тоа. Но, за жал, ние немаме повеќе финансии да се грижиме за него, па затоа ги молиме сите оние што сакаат миленик – не го прескокнувајте Шарко кога ќе ги видите неговите слики, само затоа што е големо куче.

sharko 2

Тој е нашиот мал џин, бидејќи зад ова големо суштество се крие неверојатна маза, кротка и мирољубива душа!

Шарко сега е здрав, вистинско куче-чувар, редовно вакциниран, се радува на луѓе, на животни, на природа! Дајте му шанса, за да не заврши на улица!

Секој хуман човек што може да ја отвори душата за него, нека се јави на 070 235 417.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он