АА и Алтернатива утре ќе излезат со став за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Ние како Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива имаме став за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ, но тој официјално ќе биде соопштен утре, рече денеска портпаролот на Коалицијата, Шефик Дураку.

-Ние како албанска опозиција односно коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива сигурно дека ќе имаме став за оваа работа, бидејќи сме еден многу битен политички фактор во државата, но знаете дека нашиот претседател Зијадин Села беше на едно патување во Америка и се врати пред два дена, рече Дураку на прес-конференција во одговор на новинарско прашање.

Тој додаде дека ставот ќе биде официјално соопштен утре од нивните претставници.

-Најверојатно утре ќе го соопштиме нашиот став, дали тоа ќе биде од претседателот на Коалицијата или некој од пратениците, но денеска не би можел ништо да кажам за ова, додаде Дураку.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски