Денеска се навршуваат 75 години од смртта на Васил Пачаџиев, комита и војвода од Илинденскиот и поилинденскиот револуционерен период во Македонија, потсети денеска историчарот Петре Камчевски.
– Роден бил во селото Бања, Пиринска Македонија. Се образувал во своето родно место и во Софија, каде завршил гимназија. Во 1903 година се вклучил во четата на тиквешкиот војвода Пешо Самарџиев, а од 1905 година бил војвода на една тиквешка чета. Се борел со турските военополициски сили, меѓутоа и со врховистите. За време на Хуриетот на чело на една чета составена од тиквешани, учествувал во соборувањето на султанот Абдул Азис, информираше Камчевски, кој е директор на кавадаречкиот музеј.
Пачаџиев учествувал и во Тиквешкото востание во 1913 година.