70 нови скулптури за Градскиот парк

Од:

Во Скопскиот Градски парк во следните две години планирано е поставување на 70 скулптури.

Ваквите новитети, се предвидени со Програмата за партерно уредување и поставување на скулптури и урбана опрема во централниот дел на Градскиот парк, а за која понеделник треба да гласаат и градските советници.

Со Програмата е предвидено изградба на „Паркот на цивилизациите”, кој најверојатно ќе биде сместен позади ресторанот „Уранија”, а каде што странските амбасадори ќе можат да донираат скулптури, нови влезни порти, игралишта за деца со композиции од едукативен и интерактивен карактер.

Од Град Скопје објаснуваат дека активностите кои се однесуваат на партерното уредување на Градскиот парк, како и поставувањето на скулптурите и урбаната опрема, ќе се реализираат преку изработка на Архитектонско-урбанистички проект за Паркот и изготвување Основни проекти за реализација на Архитектонско-урбанистички проект, во согласност со законот. Засега не е познато колку точно пари ќе се потрошат за разубавувањетѕо на Градскиот парк, единстевно во образложенитео од Градот стои дека финансирањето на програмата ќе се изврши со средства кои ќе бидат обезбедени од буџетот на Град Скопје во текот на 2013 и 2014 година.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски