640.000 илјади евра за партерно уредување на „Кaрпошово востание“

Од:

Плоштадот „Карпошово востание“ кај споменикот Филип Втори партерно ќе се уредува.

Град Скопје распиша тендер вреден 39.560.118 милиони денари за оваа услуга или околу 640.000 илјади евра без вклучен ДДВ во сумата.

ps 01

Според објаснувањето дадено во тендерот ќе се доуредува потегот околу црквата Св. Димитрија и домот на Холокаустот.

„Плоштадот Карпошово Востание се наоѓа во централното градско подрачје – Мал Ринг. Дореализацијата на плоштадот Карпошово востание односно партерното уредување треба да се изврши на потегот околу црквата Св Димитрија и домот на Холокаустот, односно на западната страна од веќе изведениот плоштад“, стои на страната на бирото за јавни набавки.

ps 02

Во деталниот опис на услугата која се бара на тендер стои дека дорелизацијата ќе овозможи „Карпошово востание“ да стане дел од животите на луѓето кои гравитираат во тој дел на градот.

„Целта на овој проект е создавање на осмислен отворен простор, оформен како локален плоштад кој во себе ќе прими различни содржини, ќе понуди различни можности и ќе стане дел од животите на луѓето кои гравитираат во тој дел на градот. Целиот простор е поделен на три сектори А, Б и В кои имаат различни содржини, а меѓусебно формираат една целина. Целиот овој простор треба да се вклопи на постоечката улична мрежа и околните постоечки објекти“, стои во детален опис.

ps 03

Фирмите понудите треба да ги достават најдоцна до 15 јануари, а во огласот стои дека ќе се користи електронска аукција. Медиумите пишуваа дека цената на „Карпошово востание“ ја надминал сумата од 10 милиони евра иако претходното раководство на општина Центар тврдеше дека целиот зафат ќе чини 5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски