450 кандидати пријавени за 27 работни места во финансиската полиција

Од:

Вкупно 450 кандидати се пријавиле за 27 нови работни места во Управата за финансиска полиција. На петти јули Управата преку оглас побара 27 извршители – финансиски полицајци поради зголемениот обем на работа. Од Управата најавуваат дополнителни тестирања поради големиот интерес.

„Ќе подготвиме дополнителни тестирања за ги одбереме најдобрите кандидати. Со сите пријавени кандидати се предвидени интервјуа, систематски прегледи и безбедносни проценки како стандардни процедури, но дополнително ќе мораме да направиме тестирање за да ја направиме селекцијата“, велат од финансиската полиција.

Управата е обврзана во рок од три месеци да ги заврши сите процедури и да ги избере новите кандидати. Очекуваат целата постапка да заврши во текот на септември.

Директорот на Управата, Арафат Муареми, по распишувањето на огласот на 5 јули објасни дека новите вработувања се поради зголемените надлежности и согласно препораките од ЕУ.  објасни директорот Арафат Муареми.

„Надлежностите на Управата се зголемени. Ќе правиме интегрирани истраги со другите институции и доекипирање беше неопходно. Новите вработувања се во согласност со планот 3-6-9 на Владата за реформи“, рече директорот Муареми за „А1он“ по објавата на огласот на почетокот на минатиот месец.

Управата сега има 34 финансиски полицајци од кои тројца се распоредени во СЈО.

Би можело да ве интересира

Апсења за измама во Прилеп: Осомничените фиктивно вработувале бремени жени и переле пари

Орце Костов

Oбвинителството ги отфрли кривичните пријави против Муареми

Катерина Ѓуровски

Стефанова тврди дека продолжила кај што Русковска застанала за Муареми

Кристијан Ландов

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Именуван в.д. директор на Финансиската полиција, Муареми е разрешен

Кристијан Ландов

Русковска џабе го „тресела“ Муареми, планирала и парично да го казни ама ја суспендираа

Кристијан Ландов