4 милиони евра ќе „лапне“ зградата на Совет за радиодифузија

Од:

4 милиони евра ќе чини новата зграда на Советот за радиодифузија, која треба да никне на местото на уништениот парк спроти Бристол, според идејното решение на архитектите Никола Стакинов и Жарко Чаушевски, кои се познати во јавноста како добитници на проекти за барокното преуредување на строгиот центар на Скопје. На тендерот учествуваа 6 градежни фирми, но сепак со доставување на најниска понуда успеа да го добие Друштвото за производство,трговија градежништво и услуги Декон – Ком ДООЕЛ од Скопје. Склучениот договор помеѓу Службата за општи и заеднички работи на Владата и градежната компанија е потпишан пред неполн месец.

Според информациите на Бирото за јавни набавки, фирмата Декон – Ком ДООЕЛ ќе гради административен објект за потребите на Советот за радиодифузија, Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор и Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија.

Зградата е предвидена да се изгради во рок од година и пол.

Ревидираниот основен проект за иградба на зградата го изработи фирмата „Прима инженеринг“ од Скопје, а изведувачот на градежните и градежно – занаетчиските работи ќе треба да подигне зграда со приземје, осум ката и поткровје, со вкупна површина од 4.099 метри квадратни.

Досега, резултатите од пристигнатите трудови на јавниот конкурс за административната зграда на Советот за радиодифузија не се обелоденија во јавноста, и покрај тоа што конкурсот за избор на идејно решение беше распишан во октомври минатата година. Но, пред само четири месеци, зградата на Советот за радиодифузија, како и на другите државни институции, како МЕПСО, Министерството за финансии, НБРМ и ЕЛЕМ за кои процедурата за градба се уште не е завршена, се најдоа на туристичката мапа на Скопје со нивните идејни решенија, облечени во барконо руво.

Автори на идејното решение за зградата на Советот за радиодифузија, Никола Стакинов и Жарко Чаушевски, беа наградени со 200.000, односно со по 100.000 денари.

podatoci-radiodifuzija

Архитектот Чаушевски, беше тотално непознат за македонската јавност, се до моментот кога почна да ги добива наградите за идејни решенија за фасадите, кои се дел од проектот „Скопје 2014“. Чаушевски се појавува како добитник на преку 25 конкурси за идејни решенија, што се дел од „Скопје 2014“. Пред само неколку денови, Чаушевски е избран и за одговорен проектант и на новата идеја, со која надворешниот изглед на зградите кои се протегаат од „Плеј кафе“ до Рекорд на улица Македонија, ќе добијат барокна фасада. На богатото CV на Чаушевски, кој има само 30-тина години, можат да му завидат сите негови колеги. Тој ги доби проектите за барокно фасадирање на Владата, Водовод, ЕЛЕМ, Совет за Радиодифузија, ГТЦ, Геолошкиот Завод, а наскоро ќе има и “свој” парк во Аеродром. Во многу случаи, идеите на Чаушевски не се првопласирани, но сепак се земени како решение за користење од државните органи. Досега, од наградените решенија за барокните фасади на државните институции, тој успеа да наплати за речиси 2 милиони денари.

Местото каде ќе се издигне новата зграда на Советот за радиодифузија, беше тема која предизвика бурни реакции во јавноста. Градежните активности со ископување на земјиштето кај уништениот парк спроти Бристол, започнаа пред помалку од еден месец, веднаш откако околу 500 полицајци извршија опсада на паркот спроти хотелот, ги уапсија паркобраните и директорот на ЈП „Паркинзи Центар“ Саша Богдановиќ, кои се обидуваа да го спречат просторот од понатамошно деградирање.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

Орце Костов

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски