30 семејства од Кавадарци пријавиле поголеми штети од невремето

Од:

Невремето што синоќа го зафати Кавадарци направи големи проблеми во градот. Поплави улици, дворови и подрумски простории во десетици куќи. Од општината информираат дека добиле 50 пријави од кои 30 се за поголеми штети.

Во делови од Кавадарци вчера наврнаа и до 40 литри дожд на метар квадратен за половина час. Улиците беа прекриени со наноси од кал.

Општината информираше дека во текот на ноќата и денеска се санираат последиците. Ќе биде формирана комисија за проценка на штетите.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење