Пред полноќ, заврши распитот на второ и трето осомничените лица во случајот „Пуч“.
Скопскиот Кривичен суд по распитот пред судија, на второ и трето осомничените лица во случајот Пуч им одреди 30-дневен притвор (Соња Верушевска, сопруга на првообвинетиот и Бранко Палфиров, функционер во општина Струмица).
За Зоран Заев, е поднесена кривична пријава, а како мерка за претпазливост, одземан му е пасошот, и треба еднаш неделно да се пријавува во струмичкиот суд.