30 дена притвор за мажот кој уби сосед, а тешко рани негов роднина

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поради постоење на основано сомнение дека 61 годишниот жител на село Подлес, Градско е сторител на кривичните дела „убиство“, „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, во текот на вчерашниот ден донесе наредба за спроведување на истражна постапка против него.

– Ценејќи дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот може да побегне, дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и вештаци, како и дека може да го повтори делото, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Велес достави предлог за определување на мерка притвор против осомничениот. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи притвор во траење од 30 дена, информираат од ЈОРСМ.

Настанот се случи на 12.6.2023 година во село Подлес, Градско кога двајцата соседи на осомничениот со цел да се приклучат на мрежната водоводна инсталација со соодветен алат започнале да извршуваат ископ на земја на десетина метри од влезната врата на осомничениот.

– Осомничениот со кого оштетените имале претходно нарушени односи откако ги забележал, дошол со полуавтоматско кусо огнено оружје – пиштол што неовластено го поседувал и започнал да пука кон нив. Притоа едниот оштетен бил ранет во пределот на левата надколеница, додека вториот починал на местото на настанот од здобиените прострелни рани на левата страна од стомакот и левата нога, се вели во соопштението.

Предметниот јавен обвинител по добиените сознанија за настанот извршил увид на местото на несреќата и, како што информираат, издал низа наредби потребни за расветлување на случајот.

Би можело да ве интересира

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

А1он