1818 кавадарчани добија извршни решенија за сметки за вода стари и по 10 години

Од:

Kавадарчани се жалат од високите сметки на комуналните услуги

Редакцијата на  порталот МојотГрад   ја информира јавноста во Кавадарци дека на кавадарчани им стигаат сметки кои датираат уште од 2001, 2002, 2003, 2004 па се до 2012 година.

Голем дел од граѓаните се пожалиле  дека директорот на ЈП Комуналец,  Илија Атанасов им пуштил извршни решенија токму за сметките кои се стари и над 10 години.

Директорот на ЈП Комуналец  вели дека согласно законот мора да се соберат сите долгови за кои дозволува законот и дека претпријатието им излегува во пресрет на граѓаните нивните долговите да си ги отплаќаат на рати и дека не се утужува по секоја цена.

Кривично дело е да не се наплати фактуриран долг, потенцира Атанасов притоа додавајќи дека не треба никој да ги залажува граѓаните дека ќе бидат ослободени од обврската да си ги плаќаат сметките.

На последната седница на Советот на Општина Кавадарци се укажа дека во Кавадарци се пуштени 1818 извршни решенија.

Би можело да ве интересира

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во ресторан во Кавадарци

Горан Наумовски

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

Запалени возило, трактор и гаража во Кавадарци

Горан Наумовски

Деветтооделенци од Кавадарци краделе и монтирале фотографии од соученички за да им се исмејуваат

Орце Костов

Група млади кавадарчани физички нападнале семејство во Марена

А1он

Кавадарци со низа препораки по најавените екстремно ниски температури

А1он