18 белоглави мршојадци за малку спасени од труење, расфрлан отров кај Мариово можеше да доведе до нивно истребување

Од:

Македонското еколошко друштво преку соопштение ја информира јавноста дека по дојава за расфрлан отров на територијата на село Витолиште во Прилепско Мариово, при што се случило масовно труење на кучиња и дека можеби отровот е сѐ уште таму, успеале да ги избркаат белоглавите мршојадци од пределот, со што ги спасиле од истребување.

dobivaj vesti na viber

„Воочивме дека два белоглави мршојадци опремени со GPS предаватели кои МЕД постојано ги следи во рамки на проектот BalkanDetox Life се токму во околината на Витолиште и се подготвуваат блиску од расфрлениот отров. Имајќи на ум дека белоглавите мршојадци се социјални птици кои речиси постојано летаат во јато, знаевме дека реалната бројка е многу поголема од две. Доколку овие птици стигнеа до отруените животни можевме да се соочиме со комплетно истребување на овие птици од нашата држава“, велат од Македонското еколошко друштво.

Тие велат дека локалната гранична полиција им излегла во пресрет и веднаш била испратена екипа на локацијата каде што белоглавите мршојадци се слетани со цел да ги избркаат пред да почнат да јадат од телата на отруените животни.

Од МЕД велат дека со брзата реакција на локалната гранична полиција биле избркани, а со тоа и спасени 18 птици од овој загрозен вид.

„Истиот ден на лице место пристигна и екипа од МЕД со цел да го обезбеди местото од понатамошни труења. Следниот ден со поддршка од Општина Прилеп, која ја презема координацијата, на терен излезе увидна екипа од МВР како и комунален инспектор со цел да спроведе истрага за настанот како и соодветни мерки за расчистување на случајот. Направена беше и обиколка на теренот и за среќа не беа најдени отруени диви животни. За настанот е известен и јавен обвинител и се надеваме на соодветна истрага од страна на надлежните органи“, велат од МЕД.

Белоглавиот мршојадец е „чистач“ на животната средина бидејќи се храни од мршите на угинатите животни кои ги наоѓа со надгледување на отворени области.

Би можело да ве интересира

Се истражува загаденоста на Пеленица

Ана Ололовска

МЖСПП: Ќе се изработува стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива и ќе се тестира во ОХИС

Ана Ололовска

Министерство за животна средина: И градот Охрид добива мониторинг станица за квалитет на воздухот

Ана Ололовска

Нуредини: Кањонот Матка како заштитено подрачје има можности да стане една од главните туристички еко дестинации во државата

Ана Ололовска

Нуредини: Интензивни разговори за предизвиците од глобалната енергетска криза, можностите за надминување и ориентираност кон чисти енерги

Ана Ололовска

Нуредини: Се наоѓаме на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена кон претстојната зелена транзиција

Ана Ололовска