СДСМ: Наместо виновниците, санкции трпат угостителите и трговците во Гостивар

Од:

Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања. Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на потполната негрижа за јавното здравје, велат од СДСМ.

– Прво беа труени граѓаните. Сега цената ја плаќаат и приватните бизниси – пекари, угостители, трговци, кои ниту ја загадија водата, ниту ја прикрија информацијата. Ова е истиот модел како и кај цените. Месеци наназад СДСМ бараше мерки за да се ублажи ударот од поскапувањето на нафтените деривати. Мицкоски и неговата влада немаа капацитет да ги воведат. Резултатот? Секојдневни поскапувања што ги плаќаат граѓаните.

Сега, повторно поради грешки на институциите под команда на Мицкоски, граѓаните беа отруени, а приватниците ќе ја почувствуваат последицата на сопствена кожа. Нема крај на рушењето на државата.
Економски колапс. Изолација. Загадена вода. Загрозена храна. Уништени бизниси. Сè за две години владеење на Мицкоски и ВМРО-ОКГ, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“