(ВИДЕО) Драма во средно училиште во Италија: Протекла непозната супстанца во воздухот, има затруени

Од:

Средно училиште во италијанскиот град Пескара е евакуирано откако во неговите простории е детектирана силна миризба од непознато потекло, а голем број луѓе се разболеле, објавија денес италијанските медиуми. Локалната здравствена служба ASL формирала тим на лице место составен од тројца лекари и три медицински сестри, а пет амбулантни возила со 20 лица пристигнале во државното средно училиште „Маркони“ во Пескара, објави телевизијата Раи.

Голем број луѓе кои се разболеле се хоспитализирани, додека на други им е укажана медицинска помош на лице место, а меѓу жртвите на труењето се и некои пожарникари кои пристигнале да интервенираат на повик.

Според медицински извори, причина за труењето најверојатно е амонијак, кој истекол од училишната лабораторија од причини кои засега се непознати, а се споменува и можно истекување на гас од климатизацијата.

Повеќе од илјада ученици биле евакуирани од училиштето откако била подигната тревога, објави Раи.

Многу од учениците рекоа дека биле многу исплашени бидејќи не знаеле што се случува, а значителен број од нив се разболеле.

Заменик-градоначалничката на Пескара, Марија Рита Карота, наредила училиштето да биде затворено до понатамошно известување.

Таа рече дека училиштето ќе биде затворено за да се избегне каков било ризик по јавното здравје додека не се завршат сите технички проверки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протести во Рим: Демонстрантите фрлаа шишиња кон полицијата, таа возврати со водени топови и солзавец

Полицијата во Рим приведе повеќе од 200 млади лица кои се обидoa да предизвикаат немири

A1on

Џентилони: Европа мора да престане да молчи пред потезите на Трамп

ВИДЕО: Мелони со војска го брани Милано од демонстрантите

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Не можете да ги палите градовите – Мелони по нередите во Милано

Катерина Ѓуровски

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ