16-годишен кавадарчанец со возило повредил двајца пешаци

Од:

Шеснаесетгодишник кој без возачка дозвола управувал BMW, удрил во друг автомобил од марката Шкода, при што биле повредени двајца пешаци кои случајно се нашле на улица во Кавадарци.

Во несреќата бил повреден и возачот на Шкодата, објави „Дневник“.

Повредените биле префрлени во кавадаречката општа болница. Од полицијата не соопштиле повеќе детали за сообраќајната незгода која се случи во близина на две основни училишта во Кавадарци.

Фото: Дневник

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење