120.000 жени во Македонија боледуваат од остеопороза

Од:

На плоштадот „Македонија“ денеска се одбележа Светскиот ден на остеопорозата.

Од остеопороза во Македонија боледуваат околу 120 илјади жени. Овие статистички податоци на Светската здравствена организација се само предупредување за потребата од лекување и превентива од оваа болест.

За да се намали ризикот од заболување од остеопороза се препорачува апстиненција од пушење, намалување на консумирањето на алкохол, повеќе движење и вежби. Особено е важна исхраната богата со калциум која влијае на градењето и зачувувањето на здрава коскена маса.

Недостигот од калциум и витамин Д како и исхраната сиромашна со белковини го зголемуваат ризикот од остеопороза.

Во светот поради остеопороза, на секои 3 секунди има по една скршеница, а на секои 22 секунди по една скршеница на рбетните пршлени. Една од три жени, како и еден од пет мажи постари од 50 години доживуваат скршеница поради остеопороза.

Би можело да ве интересира

„И Здравје и Работа“: Додека соседите чекорат напред во развој на рударството, Македонија не смее да остане заробена во статус кво

Горан Наумовски

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Производи што ќе ви помогнат да се заштитите од вируси

Ана Ололовска

Безделничењето е корисно за мозокот, ако го практикувате правилно

Ана Ололовска

Светска банка: Ако Македонија преземе мерки сега, децата би биле поздрави и попродуктивни

Женева: Презентиран напредокот на Македонија, но и проблемите во однос на сексуалното здравје