1902 година во Прилеп на денешен ден е роден Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и прв претседател на Президиумот на АСНОМ.
Тој се бореше за правата и за слободата на македонскиот народ, за вистината за Македонија.
Поради несогласување со некои ставови на тогашниот режим на ДФ Југославија, во 1946 година, со пресуда на Окружниот суд во Скопје, беше осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.
Умре во Прилеп, на 24 јули 1957 година.