11 новинари и 10 судии основаа судско-медиумско тело

Од:

Здружението на судиите на денешната седница на управниот одбор, ја усвои одлуката за етаблирање и создавање судско-медиумско тело за унапредување на односите еѓу судиите и новинарите, со цел понатамошна афирмација на судската транспарентност.

Судско-медиумското тело е финалниот производ од двегодишниот проект „Зајакнување на улогата и незавизноста на судиите во РМ“, кој го спроведоа Здружението на судиите на РМ и Амбасадата на САД во Република Македонија.

Судско-медиумското тело е прв механизам во регионот каде што новинарите и судиите ќе имаат можност да разговараат и решаваат прашања кои се од заеднички интерес.

Телото брои 21 член (11 новинари oд медиумите што го следат правосудството и 10 судии од различни судови во државата).

Правната основа за неговото постоење е заснована врз правна анализа на состојбите на судската транспарентност. Автор на анализата е правниот консултант Андреј Божиновски, раководител на проектот е врховниот судија Џемали Саити, а претседател на работната група е врховниот судија Шпенд Деваја.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери