А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Истражувања Македонија

Најмалку 10 лица ќе одговараат за криминалот од над 4,5 милиони евра во ФФМ

by Маја Илиевска-Пачемска14/02/2020 - 11:2311696
Share0

Се стега обрачот околу поранешното и сегашното раководство на ФФМ по многубројните пријави за криминал и проневерени пари наменети за македонскиот фудбал. Заедно со сметководителката за којашто „А1он“  објави дека со допишување нули на фактурите проневерила над еден милион евра, одговорност ќе се бара од најмалку 10 лица. Сомневањата се дека биле проневерени најмалку 4,5 милиони евра.

Добивај вести на вибер

„Завршуваме со проверките за случајот со криминал во Фудбалската федерација на Македонија. Се прават завршни координации меѓу институциите кои работат на случајот. Точната бројка на лица кои ќе одговараат за направениот криминал сè уште не можеме да ја откриеме, но најмалку 10 лица се во прашање“, велат  истражителите за „А1он“.

Последниве неколку недели Управата за финансиска полиција правеше тројна контрола во Фудбалската федерација. Три тима од Управата истовремено правеа проверки на сметководството, ги проверуваа фирмите со кои соработувала Федерацијата поради сомневањата дека тоа бил еден од начините на кои се одлевале парите, а детални теренски проверки се правеа и по стадионите и објектите каде што последниве години Федерацијата инвестирала.

Лани во октомври, поради сомневања за проневери, Фудбалската федерација поднела кривична пријава против главната сметководителка и против непознати лица, но молчеле за кривичната до минатиот месец, кога на барање на „А1он“ известија за сомневањата.

Главната сметководителка Олгица Малденоска, како што велат вработени во Федерација, со години водела луксузен живот на сметка на македонскиот фудбал. На работа доаѓала со чевли од 1.000 евра, со скапи чанти, трипати годишно одела на одмор, односно си дозволувала работи кои вработените велат дека се невозможни со платите од Федерацијата. За да си го дозволи луксузот, вработените се жалат дека водела двоно книговодство, го делела ќарот со фирмите кои ги ангажирала Федерацијата, а истражителите утврдиле и дека допишувала нули на фактурите.

Поранешниот член на Управниот одбор на Федерацијата Љубомир Ѓурчески за „А1он“ објасни дека за да може да допишува нули, да води двојно книговодство и да проневерува пари, сметководителката била ујдисана и имала поддршка од раководството, а проневерените пари тој смета дека се повеќе од 4,5 милиони евра. Поради сомневањата за криминал во Федерацијата, Ѓурчески вели дека во последните три години против поранешното и сегашното раководство се поднесени девет кривични пријави од кои две се од него, а дел од пријавите се од институциите. Во 2019 година против поранешното и сегашното раководство на Федерацијата две кривични пријави поднесе и Агенцијата за млади и спорт.

Од Обвинителството за „А1он“ изјавија дека имаат оформено предмет за криминалот во ФФМ и дека надлежниот обвинител постапува по пријавите.

ffmfinansiska policijakriminalobvinitelstvosmetkovoditelka

Би можело да ве интересира

Кривична против екс претседателот на Стоматолошката комора, склучувал договори за лиценци со непостоечки здруженија

Катерина Ѓуровски30/04/2026 - 12:24

Обвинителството бара притвор за маж од Скопје кој три години силуваше малолетно дете и го снимаше

Горан Наумовски28/04/2026 - 19:5428/04/2026 - 20:24

Истрага на Обвинителство за судски полицаец и доставувач за „примање награда за противзаконито влијание“

А1он25/04/2026 - 11:11

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 19:25

30 дневен притвор за поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски24/04/2026 - 09:3924/04/2026 - 10:46

Обвинителството бара притвор за екс-претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Горан Наумовски23/04/2026 - 21:3223/04/2026 - 23:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто