Jaнева одобрила да му се врати пасошот на осомничениот Томе Главчев

Од:

Со потпис на шефицата на СЈО, Катица Јанева СЈО во февруари годинава дало позитивно мислење за да му биде вратен пасошот на осомничениот Томе Главчев во истрагата „Поштенска банка“ и да не се јавува еднаш неделно во гевгелискиот суд, потврдија од кривичниот суд во Скопје, за „А1он“.

„Ве информираме дека патната исправа на лицето за кое прашувате со одлука на овој суд, а по добиено мислење од надлежното обвинителство му е вратен во февруари 2019 година“, одговорија од скопска единица за „А1он“. На другите прашања судот не одговори бидејќи била судска ферија, а судијата што постапувал за предметот бил на годишен одмор.

На Главчев му била прифатена гаранција во имот од над 900 илјади евра за да му бидат заменети овие мерки. На 23 јули беше испратено прашање до СЈО, дали и на кој датум дале предлог за да му биде вратен пасошот на Главчев и која е причината поради која се дава позитивен предлог. Одговор не стигна. Познато е дека зад сите решенија и одлуки во СЈО стои потписот на Јанева, а обвинителката на последната прес-конференција не одговори на новинарските прашања.

Осомничениот Томе Главчев важи за близок со ексдиректорот на МЕПСО, Сашо Василевски, кој, како што објави „А1 он“, купи стан од неговата фирма „Бентон“ во скопски Карпош, а претходно Катица Јанева не го замрзна. Василевски од фирмата на Главчев, „Бентон“ станот од 109 квадрати го купи за 80 илјади евра.

СЈО побара притвор за осомничени во „Поштенска банка“

На 14 октомври СЈО ја отвори истрагата за случајот со „Поштенска банка“ и побара притвор за тројца осомничени, меѓу кои и Томе Главчев. Наместо притвор, судијата Седат Реџепагиќ му определи само мерка еднаш неделно да се јавува во судот. СЈО се пожали на одлуката.

Во аргументите на жалбата, СЈО навело дека барале притвор за Главчев, бидејќи влијаел врз осомничени во предистражната постапка.

Обвинителството, тоа пред судот го аргументирало со записници кои биле доставени, во кои било наведено дека двајцата сведоци дале различен исказ пред СЈО.

Два дена подоцна кривичниот совет во судот потврди дека за Главчев нема основи за да му определи притвор, но по жалбата на СЈО, судот му го одзеде и пасошот.

Во декември годинава, Главчев доставил барање за преиспитување на мерките, а СЈО дало негативно мислење. Во јануари 2019 судот го одбил Главчев и му останала мерката за одземениот пасош и да се јавува еднаш неделно во судот.

Истиот месец Главчев понудил гаранција. Откако Јанева дала позитивно мислење за гаранцијата на Главчев, судијата ја прифатил гаранцијата. Интересно е што во октомври 2018 година СЈО инсистирало за притвор за Главчев, а во јануари 2019 година Јанева дала согласност за замена на мерките.

Гевгелискиот бизнисмен, според информации на „А1он“ бил повикан и во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за истрагата за рекет.

(Продолжува…)

Би можело да ве интересира

Адвокатот на Јанева: Таа била уплашена и противзаконски спроведена, не и било дозволено да повика ниту адвокат

Кристијан Ландов

Катица Јанева им се соблекла на ревизорите по долна облека додека и презентирале извештај за работењето на СЈО

Кристијан Ландов

Ефикасноста и брзината на одвивање на кривичните постапки се главен проблем, покажува Третиот извештај за СЈО

Ана Ололовска

Уставниот суд ќе ја оценува уставноста и законитоста на уредбите за додатоци и надоместоци во јавниот сектор, за платите на избраните и именуваните лица и за СЈО

А1он

Прекршочни пријави за обвинителите на СЈО – не ги пријавувале надоместоците

Мери Јордановска

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство

А1он