Зошто има потреба од Инспекциски совет ако и натаму не се „чистат“ рекет инспекторите?

Од:

Не гледа никаква вина или не може да утврди вина кај инспекторот. Ова се накратко одгворите на Инспекцискиот совет кој А1он по 20 дена ги доби со барање за пристап до информации од јавен карактер.

Инспекцискиот совет ниту го викнал инспекторот, ниту го викнале сопственикот кој поднел претставка, тие воопшто не испитале ништо од наводите против инспекторот туку барале записници од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Доколку Инспекцискиот совет вака ги анализира и проверува претставките на сите што се рекетирани од одредени инспектори, тогаш воопшто нема потреба од постоењето на оваа институција, а и државата би заштедила пари во буџетот со оглед дека не се ниски примањата на членовите на советот. Ако се погледне и целиот ефект на нивното постоење, забележливо е дека сите претставки паѓаат, а сите инспектори кои се посочени се “невини“. Ваков Инспекциски совет ниту може, а по се изгледа ниту има намера да го сопре криминалот и корупцијата која владеат кај дел од инспекторите и тоа години наназад.

Владимир Јашевиќ, сопственик на фирма за кетеринг имаше поднесено претставка до Инспекцискиот совет во која се жалаше на постојани притисоци на еден инспектор од Агенцијата за храна и ветеринсарство. Тој во претставката наведе дека семејството на инспекторот поседува идентична фирма за кетеринг, на која инспекторот преку притисоци и го отвора патот до фирмите со кои работи Јашевиќ. Тој имаше наведено дека и е исценирано труење во една фабрика на двајца работници каде Јашевиќ доставува храна со цел да го изгуби бизнисот и неговото место да го заземе фирмата од синот на инспекторот.

По доставената претставка, Инспексцискиот совет побарал од Агенцијата за храна и ветеринарство да достави копии од сите составени и донесени инспекциски акти од инспекциски надзори над објектите кои се посочуваат во претставката.

– Воедно побаран е и податок дали инспекциските надзори се вршени во согласност со планот за работа на Агенцијата за храна и ветеринарство и Годишната програма за работа на инапекциската служба. Исто така од Агенцијата е побарано да достави податок дали посочените инспектори во тој реон постапувале според распоред на работа, а воедно и да се произнесе во однос на сите наводи од претставката која истовремено е доставена и до нив, одговараат од Инспекцискиот совет.

– Од Агенцијата за храна и ветеринарство е добиено изветување коешто укажува на реализирани конкретни дејствија во текот на постапувањето. Исто така наведено е и дека истата претставка е доставена на постапување и до Одделението за внатрешна контрола при Агенцијата за храна и ветеринарство каде е во тек утврдување на веродостојноста на наводите од претставката.

– Од увидо во доставените списи, констатирано е дека наводите за сценарио за наводно труење се неосновани. Од увидот во Записниците и другите инспекциски акти коишто биле оставени при инспекциските надзори може да се констатира дека ниеден од записниците не се утврдени неправилности, па оттука Инспекцискиот совет не може да утврди дека посочените инспектори вршење притисок над субјектот и неговата работа, се вели во одговорите на Инспекцискиот совет.

Истиот инспектор беше преместен откако А1он објави видео како ја фаќа храната во објектот на Јашевиќ, а пред тоа се фаќаше со истата рака за носот, се со цел при дополнителна проверка да се најде бактерија. Ова е еден од начините на кој инспекторите ги “местат“ тие што не плаќаат “под рака“ или што сакаат да ги елиминираат.

Би можело да ве интересира

Заврши мерката „гарантирана цена“, најавени засилени инспекции против нечесни трговски практики

Горан Наумовски

По случаите со салмонела во училиштата во Карпош, ќе се спроведат инспекциски контроли

A1on

Николовски: Е-инспектор почнува со примена во пазарен, трудов и управен инспекторат

Ана Ололовска

Во една недела затворени осум угостителски објекти поради непочитување на протоколите

За една недела, биле издадени 13.957 решенија за изолација

Кристијан Ландов

Инспекторатите за една недела спровеле речиси 5000 контроли