Златни медали за вина на „Тиквеш“ во Словачка

Од:

По серијата меѓународни признанија од почетокот на годината, винарската визба „Тиквеш“ ја продолжува 2013-та година со уште две значајни награди на престижен меѓународен вински натпревар. Вината „Темјаника Special Selection“ од бербата 2012-та и црвеното „Барово“ од бербата 2011-та се закитија со златни медали на натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“, кој оваа година се одржа  во Словачка.

На годишново 19-то издание на овој вински натпревар се натпреваруваа 8.200 различни вина од 50 земји од светот. Вината беа оценувани од 305 дегустатори со различен профил како сомелиери, купувачи и увозници на вино и специјализирани вински новинари, кои претставуваа 40 различни држави. За нивните исклучително високи критериуми зборува фактот дека помалку од еден процент од  вината кои учествуваат се здобиваат со највисоко одличје.

– Наградите со кои во континуитет се закитуваат вината на „Тиквеш“ за нас не претставуваат цел сама за себе, туку се во функција на нашата долгорочна цел, а тоа е позиционирање на „Тиквеш“ како играч на светската винска мапа.  Наградите претставуваат значајна референца со која го градиме имиџот на „Тиквеш“, тие се значаен аргумент за квалитетот на нашите вина во сите извозни напори. Оттаму произлегува и вниманието кое го посветуваме на учеството на значајните меѓународни натпревари како „Concours Mondial de Bruxelles“, на кој со двата златни медала кои ги освоивме дополнително придонесовме за нашиот имиџ, но и за имиџот на Македонија како винска земја, изјави Игор Илиевски, генерален директор на ВВ „Тиквеш“.

Она што е специфично за натпреварот „Concours Mondial de Bruxelles“, чие матично место на одржување е Брисел, Белгија, е тоа што почнувајќи од 2006-та година се одржува надвор од границите на Белгија, односно во различни градови на Португалија, Шпанија, Италија, Франција, Луксембург и Холандија.

Оваа година натпреварот за првпат се одржа во земја од поранешниот источен блок, односно во Словачка и потврди дека вината од источна Европа сериозно се наметнуваат на светската винска мапа и им конкурираат на вината од стариот и новиот свет. Македонија, пред с  преку нашата најголема винарница „Тиквеш“, го потврдува овој факт.

Само „Тиквеш“ од почетокот на 2013-та година се закити со повеќе од 30 различни награди и признанија на значајни вински натпревари ширум светот.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

За првпат ќе се утврдува производствена цена за килограм винско грозје, предлог-законот за вино помина во прво читање на Комисијата за европски прашања

МЗШВ: Владата ги усвои програмите за поддршка на малите производители на храна и малите производители на вино за 2024 година

Ковачевски од Кавадарци: Македонското вино го издигнавме на 13 место во светот, расте и девизниот прилив

Производството на вино во Европа достигна 16,1 милијарди литри

Предраг Петровиќ

Николовски: Македонското вино е нашиот најдобар промотор