„Жито Лукс“ ја избриша Македонија од Статутот, купувачите најавија бојкот на производите до банкрот на компанијата

Од:

Тивка војна и најави за бојкот на производите од „Жито Лукс“ од синоќа се шират на социјалните мрежи откако беше објавен документ со кој од Статутот на компанијата се брише зборот Македонија. Компанијата одлуката да го избрише зборот Македонија, според објавениот документ, ја донела во понеделникот.

„Со оваа одлука се врши измена и дополнување на Статутот на Жито Лукс АД Скопје како што следи: Во член 5, став 3 се брише зборот Македонија“, стои во одлуката која ги разгневи купувачите.

„ Мојата инстант одлука е повеќе да не купувам производи на Жито Лукс! Мило за драго“, „Правилна одлука, и јас нема да купувам“, се дел од коментарите од одлуката на компанијата, а се појавија и апели како „Апелирам да престанете да купувате што било од ’Жито Лукс’ додека не банкротира“.

Објаснувањата од вработени дека измената е поради извоз на производите не ги смирија купувачите – Компанијата најави одговори на сите прашања во текот на денот

Обидите да се намали револтот кон компанијата со објаснување дека бришењето на зборот е поради тоа што при извоз земјите од Европската Унија правеле проблем ако на производот стои Република Македонија и дека вакви чекори презеле и многу други фирми, не ги смирија купувачите кои се колнат дека никогаш повеќе нема да купуваат производи на „Жито Лукс“.

Многумина, пак, ова бришење сметаат дека е исто како и избегнувањето на власта кампањата „Купувај домашно“ да ја именува „Купувај македонски производи“, за да го избегне зборот македонски.

„Апелирам да престанете да купувате што било од ’Жито Лукс’ додека не банкротира“, се дел од повиците за бојкот на производите

„А1он“ побара објаснување од „Жито Лукс“ за одлуката. Компанијата најави одговори во текот на денот.

„Жито Лукс“ веќе 68 години е еден од најголемите производители на леб и брашно кај нас. Од 2001 година стратешки инвеститор во „Жито Лукс“ е меѓународната групација на компании „Елбиско АЕ“ од Грција која поседува 55,47 отсто од акциите во компанијата.

Би можело да ве интересира

Нов тост леб на Жито Лукс – леб со кисело тесто

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска