Зголемен бројот на работниците во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во февруари годинава, во однос на февруари лани, е зголемен за 1.5 проценти. Во периодот јануари – февруари, пак, спорeдено со првите два месеца од 2023, нивниот број е поголем за 2,0 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст од 5.8 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 1.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0.7 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи пораст кај Енергија за 4.4 %, Капитални производи за 14.7 % и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.4 %.

Би можело да ве интересира

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Десет работници од Непал исчезнале од Скопје и од Тетово за неколку часа

A1on

ДИТ по несреќите на двајца работници во Пробиштип: Преземени се мерките за безбедност од страна на рудникот и фабриката за акумулатори

Левица: Брутална експлоатација во ,,Кромберг и Шуберт” – институциите не постапуваат

А1он

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он