Зголемен бројот на работници во индустријата

Од:

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-јули годинава во однос на истиот период лани е зголемен за  6,9 проценти. Во јули годинава споредено со јули минатата година е регистрирано зголемување на бројот на работниците во индустријата за  6,3 проценти.

Државниот завод застатистика денеска објави дека во секторот „рударство и вадење камен“ во јули годинава споредено со јули минатата година  има намалување на бројот на работници за 3 проценти, во  „преработувачка индустрија пораст од 7,8 проценти и во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 1,9 проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2014 година, во однос на јули  2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4,8 проценти, Капитални производи за 96,9 проценти, Трајни производи за широка потрошувачка за 6,3 проценти, кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5,1 процент.

Би можело да ве интересира

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Пад на индустриското производство во јули

Горан Наумовски

Индустриското производство во март зголемено за 1.3 отсто

Горан Наумовски

Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто

Ана Ололовска

Раст од 4,7 проценти на индустриското производство во ноември годинава

Ана Ололовска

Белата куќа ќе мора да реагира на недостигот од чипови за американската индустрија

А1он