Земан: Чешка може да го воведе еврото во 2017 година

Од:

Чешкиот претседател Милош Земан смета дека во државата ќе биде можно воведување на еврото во 2017 година.

Не е доволно само да го имаме еврото во програма, потребно е нешто да се работи, а тоа значи да се направи план за воведување на еврото, да се утврди термин за прифаќање на еврото и да се избере стратегија за премин од круната кон евро, изјави Земан.

– Јас сметам дека сето тоа може да се направи до 2017 година и се надеваме дека ќе успееме, додаде тој.

Земан вели дека во Словачка и Австрија каде еврото е офицјална валута, задоволни се 70 отсто граѓани, но тоа не е главен аргумент за неговото воведување.

– Чешката економија е мала и извозно ориентирана. Осумдесет отсто од производството е за извоз, а три четвртини извозници поддржуваат воведување евро за да не бидат изложени на колебање на валутниот курс, вели чешкиот претседател.

Чешката Влада досега одобри пристапување на државата во фискалниот пакт на Европската унија што обврзува државата да усвои правила за буџетска дисциплина.

Би можело да ве интересира

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Чешка: Русија ќе се појави на границата доколку Украина ја загуби војната

Чешка Влада: Со штедење и ако биде блага зимата земјата ќе има гас до следното лето

Ана Ололовска

Руска нафта повторно се испорачува за Унгарија, Словачка и Чешка

Ана Ололовска

Средба на раководствата на македонското и чешкото Министерство за внатрешни работи

А1он

Чешко МНР: Бугарските барања во заклучоците му штетат на проширувањето на ЕУ

Жарко Настоски