Средба на раководствата на македонското и чешкото Министерство за внатрешни работи

Од:

Заемните заложби за меѓусебна соработка и несебична поддршка со Министерството за внатрешни работи на Република Чешка беа потврдени денеска на билатерална средба меѓу делегацијата на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Оливер Спасовски и чешката делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од заменик министерот за внатрешни работи Јиржи Новачек.

Во насока на продлабочување на заемната соработка, министерот Спасовски најавил можност за реализација на заеднички обуки, семинари и тренинзи наменети за полициските службеници на двете министерства, кои ќе имаат за цел размена на искуства и унапредување на тактичките способности, капацитети и професионална подготвеност на двете полиции.

– Во рамки на проектот за зголемена контрола и надзор на јужниот дел на нашата државна граница во моментов има 131 странски полициски службеници од кои 40 се чешки полициски службеници. Професионализмот и искуството кои чешките полициски службеници несебично ги споделуваат со своите македонски колеги, заслужуваат голема почит и за нас се од непроценливо значење, што постојано е нагласувано и од раководниот кадар на нашата гранична полиција, истакнал Спасовски.

Поддршката од Чешка, како што се наведува во соопштението од МВР, вклучува и донации за справување со обидите за илегално поминување на границата, но и за зголемување на капацитетите на македонската полиција и во таа насока е донацијата на возила наменети за потребите на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

На средбата се разговарало и за безбедноста во сообраќајот и новите трендови и техники во оваа објаст, како и за зајакнување на полициската соработка во останатите сегменти.

Заменик министерот Новачек се заблагодарил за досегашната соработка, при што нагласил дека таа со несмален интензитет ќе продолжи да се развива и во иднина, а покрај, во делот на миграциите, значаен интензитет ќе добие во повеќе области кои се во надлежност на министерствата за внатрешни работи.

Делегацијата на чешкото Министерство за внатрешни работи ќе престојува во земјава до 16 септември, а посетата ќе опфати повеќе настани, средби, вежби и презентации.

Би можело да ве интересира

Обвинение против три лица за пронајдено поголемо количество марихуана во Гостивар

Ана Ололовска

Кривична пријава за двајца за поткуп при избори и гласање

Ана Ололовска

Две лица лишени од слобода осомничени за разбојништво

Ана Ололовска

Лишен од слобода кумановец, пронајдени мигранти во неговото возило

Ана Ололовска

Приведени дилери во Битола, пронајден хероин

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ангеловски: Внатрешната контрола на МВР ги испита наводите, ВМРО-ДПМНЕ шири невистини

Ана Ололовска