Чешка: Русија ќе се појави на границата доколку Украина ја загуби војната

Од:

Највисоките чешки функционери – претседателот, премиерот и шефовите на двата дома на парламентот ги предупредија граѓаните дека Русија ќе се појави на границата доколку Украина ја загуби војната.

Имено, чешките функционери мораа да им се обратат на граѓаните и на опозициските лидери, велејќи дека поддршката за Украина не треба да ги „иритира“, бидејќи ја инхибира агресивната политика на Русија, а ако престане, ќе ја добие Русија на границата со Словачка.

„Што значи нашата помош за Украина? Тоа значи поддршка за нашата безбедност, поддршка за европската безбедност, поддршка за стабилноста во светот. Каков би бил резултатот ако престанеме? Ако престанеме да и помагаме на Украина, ќе ја добиеме Русија на границата со Словачка“, изјави премиерот на Чешката Република Петр Фијала.

Тој нагласи дека, иако Чешка е една од многу внимателните земји кога станува збор за претстојната дебата за зголемување на повеќегодишната буџетска рамка на Европската Унија, следната недела ќе го поддржи предлогот во ЕУ за зголемување на буџетот за помош за Украина.

Би можело да ве интересира

Ден на жалост во Чешка

Убиецот од Прага е одговорен за уште две убиства, вели Вондрашек

Горан Наумовски

Вондрашек: Убиецот бил инспириран од терористички напад во Русија кој се случи оваа година

Убиецот од Прага на Телеграм го најавил масакрот

Масакр во Прага: Бројот на убиени се искачи на 17, најмалку 24 се ранети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Горан Наумовски