Едно лице загина кога воен хеликоптер со пет лица се урна во Чешка, во близина на Прага.
Хеликоптер на чешката армија се урна во база во Намјешт над Ославоу, околу 180 километри југоисточно од Прага. Во него имало пет припадници на вооружените сили, објавува echo24.
Според информациите од чешките медиуми, едно лице загинало, а службите за итни случаи интервенирале на местото на несреќата. Хеликоптерот бил Venom, американски повеќенаменски хеликоптер UH-1Y што го користи чешката армија.
„За жал, едно лице не го преживеа падот на хеликоптерот, повредените се префрлени во болница по копно и воздух. Двајца во Брно и едно во Јихлава“, изјави Петр Јаначек, портпарол на регионалните спасувачи.
Несреќата се случила во 22-та воздухопловна база на чешките воздухопловни сили. Причината за падот сè уште не е позната.
